Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Не играме против Халанд, туку против Манчестер Сити

Тен Хаг: Не играме против Халанд, туку против Манчестер Сити

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик те Хаг не сака да се фокусира само на Ерлинг Халанд пред дуелот со Манчестер Сити.

Во недела се игра големото дерби на Манчестер, а секако најголема опасност за „црвените ѓаволи“ доаѓа од Ерлинг Халанд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не играме против Халанд, туку против Манчестер Сити. Веруваме во нашите сили. Ако играме како тим можеме да победиме, важно е да веруваме. Се фокусираме на нас самите и сакаме да победиме на секој меч“, изјави Те Хаг.

„Сум бил дел од многу дербија. Го познавам противникот, знам за големото ривалство и дека ова е најважниот натпревар во целиот регион. Поради тоа сум возбуден, затоа ќе направиме се за да победиме“, додаде холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…