Tренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг во медиумите е главен фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед, а сега за првпат се огласи на оваа тема.
Тен Хаг истакна дека е фокусиран на Ајакс, но додаде и дека во денешниот фудбал ништо не може да се исклучи како опција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во овој момент сум фокусиран на Ајакс, но во фудбалот ништо не можете да знаете со сигурност. Не сакам да исклучам ниту една опција. Сега сум во Ајакс, до крајот на сезоната има уште малку и потребно ми е целата енергија да ми биде насочена во тој правец. За останатото ќе се решава потоа“, изјави Тен Хаг.
Свој коментар за можноста Тен Хаг даде и Пеп Гвардиола кој порача дека Јунајтед нема да погреши ако го доведе Холанѓанецот.