Дома Фудбал Англија Тен Хаг за гестот на Роналдо: Такво нешто е неприфатливо!

Тен Хаг за гестот на Роналдо: Такво нешто е неприфатливо!

Манчестер јунајтед во недалата го одигра последниот контролен натпревар против Рајо Ваљекано, а Кристијано Роналдо ја предводеше групата играчи кои го напуштија стадионот пред крајот на натпреварот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа беше само прв натпревар на Роналдо по неговото отсуство во текот на целата подготвителна сезона, но тој не го ни дочека крајот на натпреварот и го напушти „Олд Трафорд“ пред крајот на мечот. 

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг денеска изјави дека такво нешто е неприфатливо и не смее да се повтори.

„Не е само Роналдо, неколку играчи заминаа во текот на вториот дел. Секако дека такво нешто е неприфатливо. Ние сме тим, ние сме колектив. Секој играч мора да остане до крајот“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов потпис во Мадрид: Бараше договор на две години, но попушти и ќе потпише на една!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со стабилизација на тимот за следните сезони, отка…