Манчестер Јунајтед славеше со 2-1 против Манчестер Сити во финалето во ФА-купот и го крена трофејот.
Тренерот Ерик Тен Хаг по мечот се обиде да ги замолчи критичарите и кажа дека неговиот престој во Манчестер не се покажал како неуспех.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Два пехари во две сезони и три финалиња, не е лошо. Треба да продолжиме да работиме. Не сум задоволен затоа што знам дека можеме и мораме подобро.
„Ако не сакаат да ме гледаат овде ќе одам на друго место и таму ќе освојувам трофеи. Кога дојдов овде, реков дека тука сум за да изградам тим и да освојувам трофеи, а јас ги правам двете работи истовремено. Ако не ме сакаат тука ќе го правам тоа на друго место“,изјави Тен Хаг.