Новак Ѓоковиќ синоќа загуби од Федерер на завршниот Мастерс, а она што остави најсилен впечаток е публиката во Лондон, која видно беше на страната на Швајцарецот.
Притоа, публиката воопшто не покажа респект кон шампион каков што е Ѓоковиќ и тоа не е прв пат да се случува во Лондон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Британските тениски легенди Рудедски и Крофт ја „нападнаа“ лондонската публика поради третманот кон Новак Ѓоковиќ.
„Тоа е апсолутна непочит, понижување, спортска некултура… кога аплаудирате на неизнудена грешка. Замислете прави двојна грешка а на трибините овации. Па потоа таа грешка секако се повторува. Ѓоковиќ не можеше никако да добие мир. Тоа е нешто ненормално. Навистина некоректно. Тажен сум поради Ѓоковиќ кој е голем, голем шампион и покрај тоа што секогаш има таков третман од трибините со ништо не испровоциран“, изјави Руседски.
„Бев тажна поради Новак оваа ноќ. Тој е голем шампион, што треба да направи за да ја има публиката на своја страна? Играше тука одличен тенис и едвај дочека аплауз. Навиваа за неговите двојни сервис грешки, тоа го исфрли од такт и се повлече во себе“, истакна Крофт.