Дома Видео Тенисер нокаутираше судија и потсети на Ѓоковиќ 🎥

Тенисер нокаутираше судија и потсети на Ѓоковиќ 🎥

Во последната рунда квалификации за мастерсот во Шангај видовме ситуација каква што не се гледа често на тениските терен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Австралиецот, Марк Полманс при водство од 1:0 во сетови во тај брејкот од вториот сет против Стефано Наполитано од Италија промаши лесен удар на мрежа. Тоа толку многу го налути што неконтролирано го удри топчето и тоа заврши директно во лицето на судијата.

За ваквиот потег секако веднаш заработи дисквалификација. Оваа ситуација потсети на моментот на УС Опен од пред неколку години. Тогаш Новак Ѓоковиќ исто така беше диквалификуван откако удри со топче еден од помошните судии, но треба да се напомене дека оваа ситуација во Шангај беше далеку посериозна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Штетата е околу милион долари: Крадци го ограбија легендарниот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро

Познатиот аргентински тенисер и голем пријател на Новак Ѓоковиќ, Хуан Мартин дел Потро, бе…