Дома Фудбал Англија Тензично во Манчестер Јунајтед: Многу фудбалери му замеруваат на Тен Хаг!

Тензично во Манчестер Јунајтед: Многу фудбалери му замеруваат на Тен Хаг!

Oстровските медиуми пишуваат за тензии во соблекувалната на Манчестер Јунајтед, наводно голем дел од фудбалерите му замеруваат на Тен Хаг за третманот кој го имал кон голманот Давид Де Геа, додека други повеќе не сакале да ги слушаат критиките од негова страна.

Манчестер Јунајтед е во криза и со децении немале ваков лош старт на сезоната, четири порази во шест натпревари и тоа им е најлошиот старт во последните 36 години.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите на Островот објавија дека има тензии во соблекувалната. На еден дел не им се допаднало тоа што Де Геа беше прогласен како вишок откако претходно имаше вербален договор, а се инвестираа 50 милиони евра во Онана кој дојде само по барање на Тен Хаг. Тен Хаг и Онана соработуваа во Ајакс.

Онана од стартот на сезоната имаше неколку киксови, последниот лош настап му беше против Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Исто така се смета и дека стратегот има свои „миленици“ во соблекувалната и нив не ги критикува и покрај лошите настапи на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…