По најавите дека Роберт Левандовски може да го напушти Баерн веќе ова лето, сега „Билд“ пренесува информации кои само ја потврдуваат желбата на полскиот напаѓач да го напушти Минхен.
Како што пренесува „Билд“ на денешниот тренинг на Баерн Левандовски влегол во судир со дефанзивецот Матс Хумелс во текот на вежбата во која биле во ист тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, фудбалерите на Баерн биле поделени во неколку екипи кои меѓусебно си ги одмеруваат силите, а во текот на еден „натпревар“ Левандовски застанал за да си врзе врвките на копачките, а тоа не му се допаднало на Хумелс бидејќи токму во тој момент Толисо постигнал гол за неговиот тим.
„Лева, дали тоа го направи сериозно? Навистина токму сега мораше да си ги врзуваш копачките? Еб***о сра*е“наводно Хумелс му порачал на Левандовски, на што полскиот фудбалер му одговорил дека всушност тој е виновен за голот бидејќи ја изгубил топката.
„Тоа беше грешка. Во твојот случај проблемот е ставот“, бил одговорот на Левандовски, па Хумелс возвратил: „Ти секогаш ги губиш топките, само нешто зборуваш. Замолучи! Губи се“, завршил дефанзивецот.
„Билд“ наведува дека после ваквиот инцидент не дошоло до смирување на соиграчите.