Teнзична била атмосферата во ЦСКА Москва предводен од македонскиот стратег, Емил Рајковиќ по вчерашната елиминација од Локомотив Кубан во полуфиналето на ВТБ лигата.
Рускиот гигант преку официјално соопштение потврди дека претепан по поразот бил еден од најдобрите европски кошаркари и најголема ѕвезда во рускиот тим Алексеј Швед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што потврди ЦСКА, Швед бил нападнат пред ресторан во Москва и веднаш бил пренесен во болница и полицијата отворила истрага за инцидентот.
Повеќе информации не се познати, меѓутоа е познато дека кошаркарот се здобил со потрес на мозок и се очекува по дополнителните прегледи да се утврди степенот на повреда.
На Алексея Шведа совершено хулиганское нападение
— CSKA Moscow (@cskabasket) May 2, 2023
Защитник нашей команды Алексей Швед пострадал от хулиганского нападения, совершенного на него вчера вечером на выходе из одного из московских ресторанов. pic.twitter.com/DyFlemiZrr