Дома Фудбал Тензично било во соблекувалната на Барса: Левандовски влегол во расправија со Фати

Тензично било во соблекувалната на Барса: Левандовски влегол во расправија со Фати

Шпанските медиуми пренесуваат дека било тензично во соблекувалната на Барселона, а Роберт Левандовски му одржал лекција на својот помлад соиграч, Ансу Фати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат медиуми, Полјакот бил бесен затоа што Фати му „украл“ шанса за гол.

Фати се обиде да шутира со глава по едно нафрлување на Феран Торес, незабележувајќи дека Левандовски е во подобра позиција од него.

Левандовски во соблекувалната му објаснувал дека мора биде повнимателен во такви акции и да не ја брка топката по секоја цена, затоа што може да ја „потроши“ топката.

 Барселона загуби минимално со 2:1, па Левандовски бил убеден дека можело да биде поинаку ако Фати не реагирал такако што реагирал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер бомба! Јошко Гвардиол понуден на Реал Мадрид!

Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS. Зошто проб…