Дома Фудбал Останато Телото на Сала се враќа во Аргентина, Кардиф бара начин да НЕ го плати трансферот

Телото на Сала се враќа во Аргентина, Кардиф бара начин да НЕ го плати трансферот

Кардиф и Нант веројатно ќе завршат на суд поради обесштетувањето за Емилијано Сала, фудбалерот кој трагично настрада во авионска несреќа, над Ламанш, на 21 јануари.

Трансферот на Сала е рекорден во историјата на Кардиф, клубот се обврза да плати за Аргетинецот 17 милиони евра. Сепак откако се случи несреќата во Кардиф на сите начини се обидуваат да го избегнат плаќањето.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Претседателот на Кардиф Сити, Мехмет Далман, ќе плати 17 милиони евра за трансферот на Сала, но само ако законите бараат исплатата да биде направена.

„Ако бидеме обврзани од законот да платиме, ќе го направиме тоа. Ако не бидеме обврзани да го направиме, тогаш ќе ги заштитиме интересите на клубот и ќе опстојуваме на нашата позиција. Се уште сме во процес на собирање на повеќе информации“, изјави Далман за британските медиуми.

„Ние сме чесен клуб. Доколку договорот не обврзува тогаш ќе го исплатиме обесштетувањето. Но доколку тоа не мораме да го направиме, а мислам дека има некакви неправилности, тогаш логично е дека како претседател ќе работам за доброто на клубот“, заклучил Далман.

Телото на Емилијано Сала се очекува во девет часот наутро да пристигне на аеродромот во Буенос Аирес, а потоа да биде пренесено во Прогрес, неговото родно место. Ден подоцна во просториите на клубот каде што Сала изразна неговите сограѓани ќе можат за последен пат да се простат од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…