Дома Кошарка Тежок удар за Лејкерс: Се повреди Леброн!

Тежок удар за Лејкерс: Се повреди Леброн!

Во важен дел од сезоната Лос Анџелес Лејкерс добија тежок удар, ќе мораат да бидат без Леброн.

Откако склопија тим кој би требало да се избори за плеј-оф Лејкерс останаа без еден од своите најважни играчи. Најдобриот стрелец во историјата на НБА ќе паузира неколку недели поради повреда на стапалото.

Леброн се повреди во третата четвртина во натпреварот против Далас при еден доскок. Остана да лежи на паркетот до интервенцијата на докторите. По реакцијата на докторскиот тим Леброн сепак го продолжи натпреварот.

Еден ден подоцна Леброн објави фотографија на друштвените мрежи од повредата додавајќи пцовка и налутени емонтикони. Од Лејкерс потврдија дека сигурно нема да игра против Мемфис, меѓутоа многу веројатно ќе следи и подолга пауза.

Секогаш добро известениот новинар за случувањата во НБА, Шемс Шарни објави дека Лејкерс се спремаат за повеќенеделно отсуство на „кралот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Џонс не застана на 26 поени: По дербито испрати и провокација

Карлик Џонс беше прв стрелец во победата на Партизан над Црвена звезда, а ден подоцна го п…