Дома Фудбал Репрезентации Тежок удар за Бразил: Нејмар нема да биде спремен за Копа Америка

Тежок удар за Бразил: Нејмар нема да биде спремен за Копа Америка

Ѕвездата на бразилската репрезентација и напаѓач на Ал Хилал, Нејмар, нема да биде подготвен Копа Америка која се игра во летото кое следи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познато е дека Нејмар ги повреди вкрстените лигаменти и менискусот и новата проценка е дека нема да се врати на терените пред август.

Нејмар се повреди во октомври на натпреварот против Уругвај, а во ноември беше опериран на левото колено.

Веста дека Нејмар нема да се опорави пред Копа Америка ја потврди лекарот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар кој ја изврши операцијата.

„Нема да има време, Копа Америка доаѓа прерано. Нема смисла да се прескокнуваат чекорите во процесот на опоравување, тоа само би го зголемило непотребниот ризик. Очекуваме тој да биде подготвен за почетокот на сезоната во лигата во 2024 година. Мораме да бидеме трпеливи. Да зборуваме за враќање пред девет месеци е рано“, изјави Ласмар.

Нејмар е водечки стрелец на националниот тим со 79 гола на 129 натпревари. Копа Америка е закажана од 20 јуни до 14 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…