Дома Фудбал Тежок испит за Зидан и дружината

Тежок испит за Зидан и дружината

Последниот натпревар од 25-то коло на Ла Лига се игра во Мадрид каде што Реал ќе го дочека тимот на Сосиедад. 

Реал Мадрид: Може ли овој тим до титула?

Минатата недела беше исклучително успешна за екипата на Реал Мадрид. Имено, избраниците на Зидан прво славеа на тешкото гостување кај Ваљадолид, а потоа остварија уште една важна победа и тоа на гостувањето кај Аталанта во првиот натпревар од 1/8 финалето на ЛШ. Во шпанската Ла Лига доаѓаме до заклучок дека во последно време играат одлично, а најдобар показател за тоа ни се резултатите од последните четири дуели каде запишаа исто толку и порази, а на три натпревари не примија ниту еден гол. На домашен терен Реал Мадрид досега изигра 11 натпревари и остварија осум победи и три порази што не е скор за потценување.

Реал Сосиедад: Примарната цел е пласман во Лига Европа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Веројатно се сеќавате дека фудбалерите на Сосиедад доста долго беа на лидерската позиција на табелата и тоа после еден навистина фантастичен старт на шампионатот. Сепак, после почетните феноменални партии, екипата од Аноета влезе во голема криза и тоа им се одрази со пад на табелата, па во овој момент се наоѓаат на петтото место на табелата што е исто така фантастична работа бидејќи тоа место на крајот на сезоната носи директен пласман во ЛЕ што секако е примарна цел за екипатан Сосиедад. Во Лига Европа беа елиминирани од Манчестер Јунајтед, а во Ла лига во последното коло го совладаа Алавес на еден фантастичен натпревар, па сега во добро расположение патуваат во Мадрид.

Предлог

Реал не смее да изгуби на овој дуел доколку сака да ја продолже трката за титула. Зидан има многу проблеми околу составот, но сепак очекуваме дека ќе го извлече максимумот и дека без поголеми проблеми ќе победат на овој натпревар. Типуваме 1 со квота 2.10 во Betwinner, а исто така може да испробате и со 3+ за што ќе си добиете квота 1.91 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…