Дома Фудбал Тевез на сите им покажа како треба: Го продолжи договорот и ЦЕЛА плата ќе ја донира!

Тевез на сите им покажа како треба: Го продолжи договорот и ЦЕЛА плата ќе ја донира!

Легендарниот Аргентинец Карлос Тевез ќе остане во Бока Јуниорс уште пола година бидејќи сака да биде дел од завршната борба во Копа Либертадорес.

Освен тоа Тевез ја воодушеви јавноста со тоа што реши да игра без пари, односно платата да ја проследи во хуманитарни цели.

„Парите од договорот ќе ги донирам во хуманитарни цели како и бонусите ако ги има. На некој тие пари се многу повеќе потребни“, изјави 36 годишниот Тевез.

Одличниот напаѓач во Бока се врати во јануари 2018 година. Пред тоа настапуваше во Кина за Шангај, а во текот на кариерата играше уште за Коринтијас, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

Во дресот на репрезентацијата на Аргентина одигра 76 натпревари  и постигна 13 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричардс го отпиша Ѓокереш? „Арсенал мора да бара повеќе голови“

Мика Ричардс смета дека Ѓокереш добил доволно шанси, но не ја оправдал довербата. Според н…