Сега веќе поранешниот претседател на Барселона Хозе Марија Бартомеу на заминувањето изјави дека Барселона се согласила да игра во европската Супер лига која е најавена за 2022 година.
Во таа лига вредна шест милијарди долари би се играло во двокружен систем со плеј-оф за шампионот и во неа би учествувале само најбогатите европски клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покана добија скоро сите поголеми клубови. Реал Мадрид и Барселона помеѓу првите прифатија, а откако Бартомеу откри дека клубот прифатил се огласи првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас.
Тој е лут поради она што го направил Бартомеу и го обвини дека бил само играчка во рацете на Флорентино Перез.
„Бартомеу е воден од Перез. Убеден сум во тоа. Таа лига е сон на претседателот на Реал Мадрид и долго работи на неа, не е ништо ново. Прави голема грешка. Барселона претходно имаше свој глас кога се зборуваше за одредени ситуации во УЕФА и ФИФА, но во последните три години само го повторува она што го прави Реал Мадрид“, изјави Тебас.