Славниот тандем кој го предводеше Милан во најславните денови би можел да се врати на фудбалот пишуваат италијанските медиуми.
Од Италија пристигнуваат информации дека легендарниот претседател и поранешен сопственик на Милан наскоро ќе го купи третолигашот Монца! Тоа значи дека големиот шеф и творец на моќниот Милан ќе се врати во фудбалот откако им го продаде италијанскиот гигант на Кинезите во април 2017 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според „Скај“, познатиот бизнисмен преговара за купување на клубот со семејството, Коломбо (сопствениците на Монца). Освен Берлускони на фудбалот би му се вратил и Адријано Галијани кој ќе му помага на Силвио. Местото од каде што доаѓа овој клуб е родниот град Галијани.
Монца е член на италијанската Серија Ц, минатата сезона игра играше плеј-оф за влез во Серија Б, но сепак не успеаа да се пласираат еден ранг погоре.