Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез пристигна во Атлетико Мадрид од Барселона.
Суарез ги напушти Каталонците откако Роналд Куман му порача дека повеќе не смета на него и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Атлетико Мадрид и тој трансфер се покажа како полн погодок.
Искусниот напаѓач игра во неверојатна форма и откако стигна на „Ванда Метрополитано“ за кратко време стана еден од најважните играчи во екипата на Диего Симеоне.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уругваецот има договор до летото 2022 година, но шпанските медиуми открија дека има и тајна клазула, односно дека веќе ова лето може да замине од Атлетико и тоа целосно бесплатно.
Но, ова не е прв случај во Атлетико. Иста клазула имаше и Давид Виља кој во 2013 година од Барселона пристигна во клубот од Мадрид. Виља тогаш потпиша договор на три години и успеа во првата да ја освои Ла Лига и да игра во финалето од Лигата на шампионите. Играше во одлична форма во Атлетико, а тогаш сите ги изненади кога после една сезона без оштета си замина во МЛС лигата и потпиша за Њујорк Сити.
Засега тешко е да се поверува дека Суарез може да донесе таква одлука.