Дома Фудбал „Татко ми ме побара после натпреварот, постави едно прашање за Меси и почнавме да се смееме“

„Татко ми ме побара после натпреварот, постави едно прашање за Меси и почнавме да се смееме“

Канадскиот фудбалер Алфонсо Дејвис синоќа одигра одличен натпревар во победата на Баерн против Барселона.

Овој 19-годишен лев бек во Баерн пристигна на почетокот на минатата година од Ванкувер како резервен фудбалер, а потоа веднаш се прилагоди на првиот тим.

Дејвис имаше за задача да го чува Лионел Меси и тоа фантастично го направи. После натпреварот откри дека Аргентинецот секогаш бил негов идол, па по натпреварот се слушнал со татко му и почнале да му се смеат на Меси.

„Татко ми се јави после натпреварот и ми кажа: Значи, играше против твојот идол. Му одговорив кратко ‘Па, да’ и почнавме да се смееме. Не можевме да поверуваме затоа што тој најдобро знае колку го следев Меси кога бев помлад“, рече Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…