Дома Фудбал Останато Таткото на Јовиќ бесен на медиумите: Медиумите можеби имаат кампања против мојот син

Таткото на Јовиќ бесен на медиумите: Медиумите можеби имаат кампања против мојот син

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ се најде на голем удар на јавноста во Србија откако наводно не ги почитувал правилата за куќна изолација.

Јовиќ вчера се врати во Белград од Мадрид за да биде со своето семејство, но го прекрши правилото затоаш то мораше да помине седум дена во изолација поради пандемијата со коронавирусот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа напаѓачот бил забележан на улиците во Белград. Јовиќ се извини за своето однесување и се правдаше дека не знаел дека во Србија правилата се поинакви од Шпанија, а за доаѓањето во Србија потврди дека имал дозвола од Реал Мадрид.

После се огласи и неговиот татко Милан.

„Не знам дали медиумите тука имаат кампања против мојот син. Но во гарантирам дека тој не ги прекршил правилата. Не излегува од својот дом освен кога мора да оди до супермаркет“, изјави Милан Јовиќ и додаде:

„Од ќерката слушнав што се пишува за Лука. Констатно сме во контакт и сигурно тој не ме лаже. Лука е добар и образован и знае во каква ситуација сме. Оваа слика која ја создаваат медиумите е ужасна како да убил некој. Доби дозвола од клубот да се врати во Србија не направи ништо погрешно. Таквите лаги може да и наштетат на неговата кариера“, заврши таткото на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…