Вчеравечер беше пронајден авионот со кој исчезна аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој леташе од Нант кон Кардиф.
Експертот и ловец на бродови Дејвид Мернс,го пронајде авионот вчера наутро и како што откри ги известил службите, но јавноста беше известена дури 15 часа подоцна. Авионот бил пронајден на дното на англискиот канал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таткото на фудбалерот, Хорасио Сала за аргентинските медиуми откри дека веста ја слушнал на телевизија.
„Како и сите слушнав на телевизија, ова е еден сон, многу лош сон. Очаен сум. Последен контакт со експедицијата имав во саботата. Поради тоа што немаа Ватсап не можев да сум во контакт постојано. Кога чув дека авионот е пронајден, најмалата надеж кај нас дека Сала е жив ни згасна“, изјави Хорасио.