Дома Трансфер зона Таткото на Иниеста зборуваше за понудата од Кина

Таткото на Иниеста зборуваше за понудата од Кина

iniesta

Неодамна во шпанските медиуми се појави вест за потенцијалниот трансфер на Адрес Иниеста во Кина каде што би заработувал огромна сума.

Доколку Иниеста се одлучи да ја замени Барселона со кинескиот клуб Тијанџин Кванџан ќе добива огромни 35 милиони евра по сезона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега за евентуалниот трансфер на Шпанецот зборуваше таткото на Иниеста, Хозе Антонио.

„Сумата која ја гледате во висниците е огромна. Нормално е луѓето да ве прашуваат. Со последното обновување на договорот Андрес јасно стави до знаење што мисли. Тој од Барса ќе си замине тогаш кога ќе смета дека веќе не може да му помогне на овој клуб“.

„Сите знаат колку тој ја сака Барса. Во минатото добивавме понуди, но тој не сакаше да се натпреварува против Барса. Не настапуваше за друг клуб во Европа и тоа сигурно нема да го направи сега“, зборуваше таткото на Иниеста.

Да потсетиме, Иниеста веќе потпиша доживотен договор со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…