Дома Фудбал Останато Таткото на Гризман жестоко го нападна Сетиен: Нема да останеш долго, тоа што направи е понижување!

Таткото на Гризман жестоко го нападна Сетиен: Нема да останеш долго, тоа што направи е понижување!

Антоан Гризман минатото лето пристигна во Барселона како големо засилување од Атлетико Мадрид.

Каталонскиот клуб за францускиот напаѓач плати 120 милиони евра, но Гризман сезонава не игра како што се очекуваше. Откако продолжи Ла Лига минатиот месец поголемиот број натпревари тој ги почнува од клупата за резерви.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона вчера ремизираше на свој терен против Атлетико, а Гризман против поранешниот клуб во игра влезе дури во 89. минута. Поради тоа тренерот на Барселона Кике Сетиен доби огромни критики.

Сетиен после натпреварот изјави дека нема да му се извинува на Гризман и дека така постапил затоа што останатите играчи кои играле во нападот биле добри.

По таквиот потег на Сетиен денес реагираше и таткото на Гризман. Алаин жестоко го критикуваше стратегот на Каталонците.

„Ти си човек кој за кратко ќе замне од Барселона. Јасно е дека нема да останеш уште долго и затоа нема да се нервирам премногу. Му даде две минути и за него тоа е понижување“, порача таткото на Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…