Дома Фудбал Останато Таткото на Гигс: Се срамам од него, не можам ниту името да му го изговорам

Таткото на Гигс: Се срамам од него, не можам ниту името да му го изговорам

gigs

Легендата на Манчестер Јунајтед во текот на вчерашниот ден беше претставен како селектор на Велс, а неговиот татко место да биде горд тој се срами…

Таткото на Рајан Гигс по именувањето на неговиот син за селектор на Велс изјави дека толку се срами од својот син што не сака ниту да го изговори неговото име.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имено, неговото семејство се уште не му ја простила аферата со сопругата на неговиот брат Родри. Бракот на неговиот брат и сопругата Наташа заврши во 2011 година кога беше откриено дека Рајан осум години тајно се забавувал со сопругата на сопствениот брат.

Би требало да бидам најгордиот татко на светот, среќен како мало дете за неговиот успех, но јас се срамам од него. Не можете да ме натерате да го изговорам неговото име, го нарекувам поранешен фудбалер. Се стави себе си на првото место,  единствено што му е важно е да се појави на телевизија и отварањето на хотели во Манчестер. Кога ќе го видам на телевизија, го исклучувам и сите во семејството тоа го прават“, изјави таткото на Гигс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …