Дома Топ вести Таткото на Алаба демантира: Ништо не сме потпишале со Реал!

Таткото на Алаба демантира: Ништо не сме потпишале со Реал!

Ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба не потпишал ништо со Реал Мадрид, потврди неговиот татко за „Билд“.

Денес шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Алаба потпишал преддоговор со Реал Мадрид, па дури и ги минал лекарските прегледи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Договорот на Алаба со Баерн истекува на крајот на сезоната, сигурно ќе си замине како слободен агент, но неговиот татко тврди дека има и други кандидати за потписот.

„Нема ништо потпишано со Реал Мадрид. Има и други клубови кои се заинтересирани за Алаба“, изјави таткото.

Според „Скај Спорт“ за потписот на австрискиот репрезентативец продолжуваат да се борат Барселона, ПСЖ, Ливерпул и клубовите од Манчестер, но сепак Реал е во пол-позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …