Дома Македонски спорт Мак ракомет Татабања фрли око на пелистерици: Во еден ден потврдија четири засилувања од Битола!

Татабања фрли око на пелистерици: Во еден ден потврдија четири засилувања од Битола!

Во еден ден четири засилувања потврди унгарска Татабања од Еурофарм Пелистер, претходно денес потврдени беа трансферите на Мараш и Обрадовиќ, а вечерва официјалниот сајт на Татабања потврди дека нивните ракометари од лето ќе бидат уште и Мартон Секељ и Јосип Периќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За двајцата ова е враќање во редовите на унгарскиот клуб, Периќ за Татабања настапуваше во сезоната 2014/2015, додека Секељ го бранеше голот од 2016 до 2019.

Унгарците имаат амбициозни планови и во наредните период најавени се и нови имиња со што тимот би станал поконкурентен во европските натпреварувања. Од друга страна се очекува Е.Пелистер во наредниот период да ги пополни испразнетите места.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…