Македонија Ѓорче Петров забележа победа во дуелот против Скопје (1:2) со кој беше отворено 14. коло во македонската прва лига.
Во првото полувреме иако видовме по некоја шанса на двете страни голови немаше. Јашаровски во 58. минута го доведе Скопје во водство откако голманот на гостите киксираше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа расположен за удари од делечина денес беше Емини. Прво мајсторски изведе слободен удар во 67. минута, а потоа десетина минути подоцна по една украдена топка постигна можеби и уште поубав погодок.
Со овој триумф момците на Муарем Бајрами влегуваат во серија од три победи откако претходно славеа со Пелистер и Шкупи.