Дома Останати Кошарка Така е кога многу пари се во игра: Дончиќ ја тужи сопствената мајка!

Така е кога многу пари се во игра: Дончиќ ја тужи сопствената мајка!

Лука Дончиќ поднел барање до Комисијата за патенти во САД за поништување на регистрацијата на заштитниот знак „Лука Дончиќ 7“ кој всушност е во сопственост на неговата мајка, Мирјам Потребин.

Информацијата ја објави американскиот новинар Марк Штајн. Причината поради која Дончиќ се одлучил на ваков потег е неговата желба да преземе целосна контрола на брендовите со неговото име.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Растам како играч и како личност, па затоа ми е многу важно да го контролирам сопствениот бренд“, изјави Дончиќ.

Дончиќ и Мирјам и во минатото имаа несогласувања поради огромната грижа за кариерата на нејзиниот син. Во центарот на вниманието неговата мајка се наоѓаше и поради нејзината убавина. Спорниот бренд таа го регистрирала во 2018 година.

По регистрацијата на тој бренд, Лука се обидел да започне свој бренд „Лука Дончиќ“, но бил одбиен порадо совпаѓање на името на претходно регистрираниот на неговата мајка. Во тужбата Дончиќ наведува дека тоој не е никако поврзан со брендот „Лука Дончиќ 7“ и не се согласува со продажбата на артиклите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер синоќа играше за финале на Западот. Загуби со 45 разлика

Кошаркарите на Минесота и Денвер синоќа го одиграа шестиот натпревар од полуфиналната плеј…