Дома Македонски спорт Мак фудбал Тажни вести: Почина Мирослав Наумовски – Лав

Тажни вести: Почина Мирослав Наумовски – Лав

Денеска, по кратко боледување, почина Мирослав Наумовски-Лав, поранешен врвен спортист, спортски новинар, еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет, член на Собранието и на Управниот одбор на МОК, спортски новинар во Нова Македонија и основач и главен одговорен уредник на првиот спортски весник во нашата држава, СКОК.

Мирослав Наумовски-Лав во „Нова Македонија“, како спортски новинар, мина 27 години, а известувал од ЛОИ 1974, 2000 и 2004, од ЗОИ 1984 и 1988, од три СП во кошарка, осум ЕП во различни спортови, универзијади, медитерански игри, балканијади.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговата најголема спортска љубов беше ракометот. Со македонската репрезентација стана пионерски првак на тогашна Југославија (СФРЈ), во 1962 година беше прв на младинското првенство на СФРЈ, а во 1965 година и национален првак во младинска конкуренција. Наумовски беше одличен ракометар и дел од младинската репрезентација на СФРЈ (заедно со генерацијата на Поповиќ, Прибаниќ, Покрајац, Каралиќ…). Најмногу време мина во Р.К. Вардар, играјќи на позицијата централен бек.

На иницијатива на Лав, се појавува првиот спортски весник СКОК во нашата држава и тој станува прв главен одговорен уредник. Лав беше и еден од најзаслужните што по долга пауза се возобнови и Охридскиот пливачки маратон.

Заедно со Васил Тупурковски и другите, се најде меѓу основачите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и станува член на Собранието на МОК, на Управниот одбор на МОК и претседател на МОК Маркетинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …