Дома Фудбал Останато Тажна приказна: Беше соиграч на Рамос и Алвес, а денес е полуинвалид и работи како келнер

Тажна приказна: Беше соиграч на Рамос и Алвес, а денес е полуинвалид и работи како келнер

Животот на некои фудбалерите по завршувањето на кариерата е многу поразличен, а вистински пример за тоа е Уругваецот Дарио Силва.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за поранешен фудбалер на Каљари, Еспањол, Малага, Севиља и Портсмунт. Токму во последниот клуб ја заврши кариерата пред 14 години.

Денес тој има 47 години и работи како келнер. Силва за шпанските медиуми откри дека луѓето кои се грижеле за неговата кариера го оставиле без пари. За работата да биде полоша во собраќајна несреќа останал без дел од ногата поради што е полуинвалид.

„Го напуштив фудбалот поради татко ми. Ми кажа дека не знае дали поради болеста ќе живее повеќе од два или три месеци. Луѓето кои ги ангажирав да се грижат за мојата кариера ми ги украдоа парите. Раководеа како што тие мислат дека треба и на крајот ме ограбија“, изјави Дарио Силва.

Интересно е што во Севиља каде што играше од 2003 до 2005 беше соиграч со играчи како Серхио Рамос, Дани Алвес и Жулио Баптиста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …