Дел од навивачите на Партизан апелираат вечерва да не се навива против Реал Мадрид од 20.30 часот поради масакрот кој се случи во Белград.
Навивачите сакаат да се збогуваат со убиените деца во Белград, па поради тоа нема да се навива во првото полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Начинот на кој ќе им оддадат почит на жртвите од масакрот го открија и клубот со потврда дека нема да се слуша музика на системот за јавно обраќање и дека натпреварот ќе биде отворен со едноминутно молчење, а кошаркарите ќе играат со целосно црни дресови.
Партизан води со 2-1 против Реал Мадрид и се наоѓа на праг да избори пласман на Ф4-турнирот во Евролигата.