Дома Останати Кошарка Тажна вест: Легендарниот тренер почина на натпревар на својот поранешен клуб

Тажна вест: Легендарниот тренер почина на натпревар на својот поранешен клуб

Хозе Мартин Урбано, легендарниот тренер на Уникаха, почина додека го следеше натпреварот на својот oмилен клуб против Дижон во Еврокупот во средата навечер.

Шпанските медиуми пренесуваат дека 72-годишниот Урбано се почувствувал лошо за време на натпреварот. Присутните во салата се обиделе да му помогнат во салата, но за жал фаталниот исход не можел да се избегне. Пред две недели, Урбано имаше операција на срцето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Урбано во клубот пристигна како асистент во првиот златен период (1988, 1989), кога тимот од Малага се пласираше во првото европско натпреварување, тогашниот „Куп на Радивоје Корач“. Во клубот ги извршуваше сите функции, од директор на детската академија до тренер на првиот тим.

Тој е познат како човекот кој ги постави темелите на модерната Уникаха, која со години е на врвот на шпанската и европската кошарка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хрватот Хезоња збесна и сочно го пцуеше словенечкиот судија 🎥

Кошаркарите на Реал Мадрид вчера ја победија Басконија со 101:90 и поведоа со 2:0 во четвр…