Српскиот фудбалер Душан Тадиќ изминатата вечер го одигра натпреварот на кариерата.
Овој 30 годишен напаѓач го разби актуелниот шампион на Европа, големиот Реал Мадрид и со своите потези на теренот ја воодушеви фудбалската јавност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тадиќ на крајот успеа да запише две асистенции и да постигне гол во победата од 1:4 (тука), а после чудесниот натпревар српскиот фудбалер даде свој коментар за натпреварот.
„Ова веројатно е најдобриот натпревар кој сум го одиграл во мојата кариера“, започна Тадиќ и продолжи:
„Го победивме најдобриот клуб во светот. Горд сум и сигурен сум дека направивме среќни многу луѓе“.
Посебно Тадиќ воодушеви со фантастичниот дриблинг кога му асистираше на Нереш за 0:2. Секако, беше пресреќен што сите зборуваат за неговите потези.
? OUTRAGEOUS spin and assist from @AFCAjax star Dušan Tadić ???#UCL Skill of the Day | @MastercardUK pic.twitter.com/hT7FPUpDfF
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) March 5, 2019
„Во фудбалот најважно е да се опуштите и да уживате. Кога во прашање се потезите, Зинедин Зидан секогаш бил мојот омилен фудбалер. Можеби сум гледал премногу негови клипови“, додаде Тадиќ.
Aјакс сега го чека противникот во четвртфиналето, а после разбивањето на Реал Мадрид сосема сигурно дека тимот доби на самодоверба.
Ќе потсетиме вечерва се играат два нови четвртфинални натпревари. Порто ја пречекува Рома (1:2) на свој терен во Португалија, додека дербито се игра во Париз каде гостува Манчестер Јунајтед откако во првиот натпревар „црвените ѓаволи“ изгубија со 0:2 на „Олд Трафорд“.