Дома Трансфер зона Тадиќ може да биде замената за Чалханоглу во Милан

Тадиќ може да биде замената за Чалханоглу во Милан

Искусниот фудбалер на Ајакс, Душан Тадиќ ова лето би можел да направи голем трансфер.

32 годишниот фудбалер кариерата би можел да ја продолжи во редовите на Милан, Џанлука Ди Марцио тврди дека „росонерите“ се сериозно заинтересирани за неговите услуги.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот од „Сан Сиро“ неодамна остана без Хакан Чалханоглу. Турчинот го напушти клубот и премина во редовите на Интер, па Милан бара негова замена.

Тадиќ веќе три години го носи дресот на Ајакс и во овој тим игра одлично, па не е никакво чудо што го привлекува интересот на поголемите клубови. Во претходните три сезони за Ајакс настапи на 149 натпревари и постигна 76 голови.

Во кариерата претходно Тадиќ го носеше дресот на Саутемптон, Твенте, Гронинген и Војводина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…