Звучи неверојатно, посебно кога ќе се спомене сумата.
Навистина изгледа неверојатно, но Италијанците се убедени дека Јувентус ќе се обиде да го ангжира Погба во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За такво сценарио Италијанците најмногу се надеваат на Мино Раиола. Сега се пишува дека токму тој би можел да издејствува позајмица на Погба во јануари, со право „старата дама“ да го откупи во целост неговиот договор на лето.
Сумата наводно е околу 80 милиони евра, но прашање е колку Јуанајтед би се откажал од Погба за таа сума. Постои и друга опција, Јувентус на лето покрај сумата да го додаде и Алекс Сандро, но тоа засега се само во рамките на гласини.
Како стојат работите со Погба?
Тоа дека сака да замине не е спорно, како и дека Јунајтед сака да го продаде. Но, тие бараат 150 милиони евра за играчот кој е во конфликт со Мурињо, а на теренот не прикажува настапи какви што од него се очекуваат (игра променливо).
За него освен Јувентус заитнересирани се уште Барса и ПСЖ, а Погба наводно сака во стариот клуб каде што е во супер односи со скоро сите играчи во тимот, покрај тоа токму таму го играше најдобриот фудбал во кариерата.
https://www.youtube.com/watch?v=Gm81hVwicoc