Нема да биде утре во тимот против Наполи, но на доцнењето му претходела посериозна ситуација.
Раџа Наинголан е суспендиран и нема да биде во тимот на Интер за утрешното дерби против Наполи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер го суспендираше поради доцнењето на тренинг и тоа не му било прв пат да задоцни. Веднаш беше прогласен за промашена инвестиција. Платен е 40 милиони евра, а неспортскиот живот му прави проблеми.
Но, доцнењето не е причината, туку нешто што претходело на тоа.
Имено, после ремито на Бентегоди место дома Наинголан се упатил во ноќен клуб каде што и ја поминал ноќта.
Наводно со него разговарал и Бепе Марота ќе биде и парично казнет, сепак ќе има уште една шанса. После Наполи ќе се врати во тимот и ќе добие прилика против Емполи со кој Интер ќе ја затвори календарската година.