Дома Фудбал Германија Сурова статистика на домаќините во Бундеслигата: Во што е проблемот?

Сурова статистика на домаќините во Бундеслигата: Во што е проблемот?

Германската Бундеслига прва од најсилните лиги се врати после пандемијата со коронавирусот.

Фудбалот во Германија продолжи со строги мерки за заштита, но враќањето не ги израдува во целост љубителите на најважната споредна работа во светот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За жал нема навивачи на трибините и така ќе остане уште одредено време, а нивното отсуство судејќи по првите кола по враќањето е проблем за домаќините. Домашните екипи по продолжување на сезоната навистина ретко победуваат.

Во до сега одиграните 22 натпревари домаќините победиле само на три натпревари, гостите на 12, седум натпревари завршиле нерешено. Од ова може да заклучи дека домашниот терен без гледачи не носи предност.

Единствените екипи во досегашните натпревари кои запишале победи на домашните терени се Борусија Против Шалке во 26. Коло (4:0), Баерн против Ајнтрахт во 27. коло (5:2) и Херта против градскиот ривал Унион Берлин 4:0.

Денес ќе видиме дали некои од домаќините ќе го поправи учинокот. Од Бундеслигата на програмата денес се: Лајпциг – Херта, Аугусбург – Падерборн, Фортуна Дизелдорф – Шалке, Хофенхајм – Келн, Унион Берлин – Мајнц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…