Дома Фудбал Лига на шампиони Сурова реалност во зборовите на Лукаку: Пласман понатаму? Барса не е ПСЖ!

Сурова реалност во зборовите на Лукаку: Пласман понатаму? Барса не е ПСЖ!

lukaku

Екипата на Барселона синоќа на Олд Трафорд го победи Манчестер Јунајтед со 0:1 и со тоа направи голем чекор кон пласман во полуфиналето на ЛШ.

Каталонскиот великан до триумф стигна благодарение на автоголот на Лук Шо и во реваншот на Камп Ноу ќе имаат голема предност.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јунајтед наводно нема да се откаже, иако синоќа беше поразен. Веќе еднаш направија чудо со елиминацијата на ПСЖ после поразот од 0:2 на свој терен, но се чини дека фудбалерите на овој тим многу малку веруваат во таков расплет против Барселона.

Зборовите на напаѓачот на Црвените ѓаволи, Лукаку се сурови, но реални:

„Пласман понатаму? Барселона не е ПСЖ. Тие имаат многу повеќе искуство.“ – изјави Лукаку, кој додаде дека сепак не се предаваат.

„Во вториот натпревар мора да имаме многу повеќе самодоверба. Без дилеми, на Камп Ноу треба да креираме што повеќе шанси и да играме со повеќе страст.“ – додаде Лукаку.

Интересно е што англискиот великан синоќа немаше ниту еден шут во рамките на голот.

После цели 14 години фудбалерите на Јунајтед не упатија удар на голот на противникот, а последен пат тоа се случи во 2005. година кога на Олд Трафорд беа поразени од Милан со 0:1.

Останува во реваншот да видиме дали Манчестер Јунајтед ќе има сили за уште еден пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…