Дома Македонски спорт Мак фудбал Супер скопско дерби на арената: „Лавовите“ од 0:2 до 2:2 против Вардар! 🎥

Супер скопско дерби на арената: „Лавовите“ од 0:2 до 2:2 против Вардар! 🎥

Денес гледавме одлично скопско дерби на националната арена помеѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров.

Вардар беше клубот кој на стартот од натпреварот беше подобарп ротивник, па таквата игра резултираше со гол на Мирчевски во 19. минута од натпреварот. Продолжи Вардар да игра добро, но во првиот дел уште еден гол не видовме.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


За 2:0 се погрижи Матеј Цветановски после седум минути игра во вториот дел.

По тој гол следуваше еден пад во играта на Вардар. Калид многу брзо откако влезе во игра го искористи непотребното истрчување на голманот Илиќ и ја погоди мрежата. Десет минути подоцна ветеранот Боби Божиновски остана сам во шеснаесетникот и со глава погоди за 2:2.

До крајот видовме по некоја шанса и на двете страни, но резултатот не се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Проблем за Македонија: Без Барди против Хрватска и Чешка?!

Maкедонската фудбалска репрезентација ја очекуваат пријателските натпревари со Хрватска и …