Познатиот супер-агент Жорж Мендеш според информациите на медиумите денеска се наоѓа во Англија каде што договара два трансфери.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во фокусот на вниманието на Мендеш денеска наводно се Жоао Феликс и Мануел Угарте. За Феликс се преговара за негово враќање во Челзи, додека Угарте повторно е опција за Манчестер Јунајтед.
Угарте уште пред неколку недели ги договори личните услови со Манчестер Јунајтед, меѓутоа ПСЖ и Јунајтед никако не успеваат да пронајдат заеднички.
На Јунајтед не му одговара цената поставена од францускиот гигант и за истата да ја плати би требало некој да замине.
Кога е Фликс во прашање двете страни исто така се во преговори, а Португалецот има желба за враќање на „Стенфорд Бриџ“.