Нема мир во односите меѓу т.н. „Европска Суперлига“ и УЕФА, како што пренесува шпанскиот дневен весник „Спорт“, првите луѓе на Суперлигата, по одлуката на Европскиот суд на правдата, се решени во формирањето на своето фудбалско клупско натпреварување.
Оттаму испратија писмо на адреса на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, во кое бараат од него „итно прекинување на антиконкурентското однесување кон компанијата А22, која ја промовира Суперлигата“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претседателот на УЕФА јавно се повика и погрешно го протолкува писмото во кое бараме УЕФА да се однесува во согласност со законите на ЕУ и да престане со активностите насочени кон попречување на активностите на А22.
Имајќи предвид дека водиме јавен дијалог за иднината на европскиот фудбал, го објавуваме писмото во целост, бараме УЕФА веднаш да престане со антиконкурентското однесување за да се исклучи А22 од европскиот клупски пазар – се вели во соопштението на А22, потпишано од Џон Хан и Анас Лаграри, како и извршниот директор Бернд Рајххарт.
Во писмото дополнително се нагласува дека А22 „го задржува целосното право да преземе соодветни мерки против УЕФА и нејзините раководители, барајќи корективни мерки и соодветна компензација за материјалната штета што таквото антиконкурентно однесување им ја предизвика на А22 и неговите партнери“.
El Presidente de UEFA ha mencionado -y tergiversado- públicamente una carta en la que exigimos a UEFA que respete las leyes de la UE y las resoluciones judiciales, y ponga fin a sus actuaciones en curso destinadas a obstruir las actividades de A22. Dado que estamos liderando un… pic.twitter.com/tYGgVqJJpg
— A22 Sports (@A22Sports) January 31, 2024