Дома Фудбал Суперлигата со официјално сооопштение: Ќе се бара начин за промени во проектот

Суперлигата со официјално сооопштение: Ќе се бара начин за промени во проектот

После жестоките реакции од сите страни Суперлигата издржа само 48 часа, доцна вчера вечер сите шест англиски клубови го откажаа учеството.

Со смото откажување на Англичаните беше јасно дека ваквиот проект без нив не може да успее, а освен тоа од Италија и Милан најавил повлекување.

Во меѓувреме од Суперлигата се огласија со официјално соопштение.

„Суперлигата привремено ќе биде стопирана. Ќе се преиспитуваат најприкладните чекори за промена на целиот проект“, стои во објавата.

Идејата за Суперлигата за брзо време нема да се реализира, меѓутоа очигледно Перез и Андреа Ањели нема да се откажат лесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …