Фудбалските натпревари во Шпанија под покровителство на Ла Лига за претстојниот викенд би можеле да бидат откажани, најави првиот човек на натпреварувањето Хавиер Тебас.
Причина за такво нешто е заживувањето на проектот европска Суперлига, кој пред две години беше потиснат од голем број клубови, играчи и пред се навивачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Она што конкретно е спорно во овој случај е дека шпанската влада неодамна усвои нов Закон за спорт кој содржи низа амандмани со кои се наведува дека клубовите од таа земја можат истовремено да учествуваат во Суперлигата на Европа и во првенството.
Ова е нешто што сите првенства, вклучително и самата Ла Лига, го отфрлија кога првично беше објавен проектот за европската Супер лига.
Тебас во договор со клубовите најави штрајк за претстојниот викенд доколку не се измени Законот за спорт. Рокот е денеска до крајот на денот.