Барселона вчера ја победи Осасуна во второто полуфинале од шпанскиот Суперкуп и закажа финале против Реал Мадрид.
Барселона подолг период се мачеше да го скрши отпорот на Осаусна, а двата гола ги постигна во вториот дел. Но по мечот фудбалерите на Осасуна истакнуваа дека се ограбени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Посебно се истакнува ситуацијата при голот на Роберт Левандовски во 60-тата минута. Во Осасуна сметаат дека на почетокот на таа акција имало прекршок врз нивни фудбалер.
„Многу ситуации беа досудени во корист на Барселона. Сите можевме тоа да го видиме. При голот на Левандовски имаше прекршок. Невозможно е да се борите со вакви нешто.
Кога видовме што се случува требаше да го напуштиме теренот. Суперкупот постои само за Барселона и Реал Мадрид, останатите се тука само да пополнуваат место“, смета Гарсија.