Шпанците постигнаа договор за наредните три години.
Ако ви беше потребен нов аргумент дека модерниот фудбал станува се повеќе бизнис, а помалку спорт немојте да го барате. Надлежните органи во Шпанија се договорија со Саудиска Арабија натпреварите од Суперкупот во наредните три години да се играат во Џеда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Значи, нема да ги гледаат Шпанџи, но добро ќе заработат. Според информациите на радио станицата „КОПА“ која ретко греши Саудијците за привилегијата во живо да ги гледаат Реал, Барса или некој друг клуб ќе плаќаат по 40 милиони евра годишно.
Единствениот услов на Шпанците беше домаќинот да дозволи на натпреварите да присуствуваат и жени што во овој момент не е случај во Саудиска Арабија.