Дома Фудбал Лига на шампиони Суперкомпјутерот со точни резултати до самиот крај прогнозира кој ќе ја освои Лигата на шампионите

Суперкомпјутерот со точни резултати до самиот крај прогнозира кој ќе ја освои Лигата на шампионите

Ждребот во Нион ги одреди паровите за четвртфиналето од Лигата на шампионите, но и костурот на ова натпреварување се до самото финале кое се игра на стадионот на Атлетико Мадрид.

Знаеме кој со кого ќе ги одмери силите во четвртфиналето, но и на кого ќе одат победниците од овие средби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Самото четвртфинале ни носи неколку исклучително интересни натпревари. Англиско дерби ќе играат Тотенхем и Манчестер Сити, додека Манчестер Јунајтед ќе ги одмери силите со Барселона, па Оле Гунар Солскјер после 20 години ќе се врати на стадионот каде што влезе во легендите.

Сигурно ќе има возбудувања и во натпреварите кои ќе ги играат Ливерпул и Порто, односно Јувентус и Ајакс. Ќе потсетиме Ајакс во четвртфиналето го исфрли актуелниот европски шампион Рома, додека Порто ја елиминираше италијанска Рома.

Тешко е да се прогнозира кој ќе оди во полуфинале, а не пак освојувачот на титулата. Меѓутоа „талкСПОРТ“ го вклучи својот познат „суперкомпјутер“ кој на основа на некои параматери ги предвидуваше резултатите се до крајот на натпреварувањето.

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД СУПЕРКОМПЈУТЕРОТ

Четвртфинале

Ајакс – Јувентус: Прв натпревар 1:1, втор 2:0 – Јувентус поминува со вкупни 3:1

Ливерпул – Порто: Прв натпревар 3:0, втор 1:2 – Ливерпул поминува со вкупни 5:1

Тотенхем – Манчестер Сити: Прв натпревар 1:1, втор 3:1 – Манчестер Сити поминува со вкупни 4:2

Барселона – Манчестер Јунајтед: Прв натпревар 2:1, втор 1:2 – Барселона поминува со вкупни 4:2

Полуфинале

Манчестер Сити – Јувентус: Прв натпревар 1:1, втор 2:1 – Јувентус оди понатаму со вкупни 3:2

Барселона – Ливерпул: Прв натпревар 2:1, втор 22 – Барселона поминува со вкупни 4:3

Финале

Јувентус – Барселона 2:1

Ако му веруваме на суперкомпјутерот конечно ќе видиме дуел на Меси и Роналдо во финалето, а Јувентус после долго време ќе ја освои титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…