Дома Фудбал Англија Суперкомпјутерот пресмета: Арсенал ќе биде новиот шампион во Премиер лигата, Евертон ќе испадне!

Суперкомпјутерот пресмета: Арсенал ќе биде новиот шампион во Премиер лигата, Евертон ќе испадне!

Не се очекуваше Арсенал оваа сезона да се бори за титулата во Премиер лигата и навивачите пред почетокот на сезоната сигурно ќе беа задоволни ако некој им понудеше место во топ четири.

Но, „топџиите“ играат фантастична сезона и на десет кола пред крајот се лидери во Премиер лигата со осум бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, сепак имаат и натпревар повеќе од „граѓаните“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според најновата пресметка на суперкомпјутерот Арсенал ќе ја задржи предноста и ќе ја освои титулата со пет бода предност пред Манчестер Сити.

По 100.000 симулации резултот бил дека Арсенал ќе освои 95 бода и за пет бодови ќе биде пред Манчестер Сити.

Не се очекува никаква драматична завршница, барем според ваквите пресметки. Ако Арсенал стигне до титулата, тоа за овој тим ќе биде вкупно 14-та, а прва уште од 2004 година.

Во топ четири би завршиле уште Манчестер Јунајтед со 74 бодови и Тотенхем со 69, Ливерпул како петти со 66 бодови би обезбедил место во Лига Европа, а Њукасл и Брајтон со по 65 бода на шестата и седмата позиција би ги пополниле местата кои водат во Конференциската лига.

Од лигата според оваа пресметка би испаднале Евертон, Саутемптон и Нотингем Форест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сензација на повидок: Погба се враќа во Англија, познат е неговиот следен клуб!?

Францускиот фудбалер Пол Погба е во центарот на вниманието, откако се појави информација д…