Милан пред точно една година премина во рацете на кинескиот милионер Јанхонг Ли, а од тогаш не стивнуваат шпекуалциите за новиот сопственик на „росонерите“.
Имено, неодамна се појавија информации дека Јанхонг Ли банкнотирал, што беше демантирано, а сега италијанскиот суд отвори постапка со која се разгледува продажбата на клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поточно се проверува начинот на кој е извршено плаќањето на семејството Берлускони од 750 милиони евра, иако компанијата „Фининвест“ потврди дека парите легнале регуларно на нивната сметка.
Јанхонг Ли дел од парите, поточно 300 милиони евра ги позајмил од инвестицискиот фонд „Елиот“, кој ја гарантира неговата ликвидност.
Денес во италијанските медиуми се појавија информации дека до „Елиот“ стигнала понуда од рускиот милијардер Алишер Усманов кој сака да го купи миланскиот гигант.
Усманов има мал дел акции во Арсенал, но наскоро ќе го напушта лондонскиот клуб и преку „Елиот“ сака да го купи Милан.
Прашање е дали Ли сака да го продаде мнозинскиот пакет акции, но доколку не ги врати парите на „Елиот“, инвестицискиот фонд ќе добие дел од акциите кои потоа ќе може да му ги продаде на Усманов.
Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот не може да трпи никакви последици, туку само може да премине во рацете на „Елиот“, а потоа и на друг сопственик.