Изгледа дека продажбата на Њукасл на саудијците конечно ќе биде завршена.
Саудиската влада вчера го реши долгогодишниот спор со катарската телевизија „БеИН“ која има право на пренос на Премиер лигата на Блискиот исток. Саудиска Арабија забрануваше „БеИН“ да се емитува во таа земја, а истовремено не правеше ништо да за да ги прекине пиратските преноси на натпреварите во Премиер лигата, што во Саудиска Арабија стана нормално.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тоа беше клучен проблем поради кој Премиер лигата не одобруваше Њукасл да заврши во рацете не инвестицискиот фонд од таа драва кој беше спремен да плати 300 милиони фунти за 80% сопственост на клубот. Саудијците кон крајот на минатата година објавија дека се повлекуваат од работата, но сепак го одржаа контактот со сопственикот чекајќи прилика.
Сега е дојдена таа прилика. Англиските медиуми пишуваа дека продажбата на клубот може да се случи во јануари, но се ќе биде изгледа многу забрзано, итен состанок е закажан за денес. Состанокот се закажал откако било објавено дека саудиската влада и „БеИН“ спорт го решиле спорот.
„Ова е крај на 14-годишното владеење на Мајк Ешли во Њукасл. Работата ќе биде многу брзо завршена, можеби и до крајот на денешниот ден. Од новите сопственици ќе се очекува да се посветат на работа веднаш по преземањето на клубот“, пишува „Дејли Мејл“.
Ако се остварат најавите и до продажбата конечно дојде Њукасл ќе ги има најбогатите сопственици во светот. Саудискиот јавен инвестициски фонд е тежок 320 милијарди фунти. За споредба шеикот Менсур од Манчестер Сити „тежи“ 23 милијарди фунти, додека првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи располага со 6.5 милијарди фунти.