Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа: Гостивар оштетен за пенал против шампионот Струга

Судиска анализа: Гостивар оштетен за пенал против шампионот Струга

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 12 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Гостивар-Фк.Струга Т.Л.  одигран на 29.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од  5, 83 минута и од 45 до 90 минута (менаџирање клупи).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Главенсудија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

53 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал  за домашната екипа, при резултат 2:0)

Играч на домашната екипа добива топка во 16-сетникот на гостинската екипа, при вртење кон голот и шутира кон голот, претпоследниот играч од одбраната на гостите го влечеше за дрес и со тоа го спречи да шутне и е соборен на земја.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација требаше да досуди пенал за екипата на домакините (поради влечење за дрес со јак интензитет) на играч на гостинската екипа над играч на домакините.

Главниот судија во оваа ситуација не беше добро поставен, и беше доста далеку од настанот.

83 минута : ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досуден офсајд, и исправно поништен погодок, при резултат 2:1)

Гостински напаѓач кој сака да се врати во линија со претпоследниот играч од одбраната на домакините, не успева на време да се врати и во моментот на проигрување од неговиот соиграч се наоѓаше во офсајд позиција. Потоа играчот ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција, бидејки играчот на гостите во момент на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во недозволена офсајд позиција и голот исправно беше поништен.

Првиот асистент судија беше одлично поставен и сконцентриран во оваа предизвикувачка ситуација.

45-90 минута: ПРАВИЛНО МЕНАЏИРАЊЕ СО КЛУПИ (За исправно доделени три црвени картони за официјални лица од резервната клупа на домакините)

Поради некоректно, неспортско и крајно агресивно однесување кон официјалните лица на натпреварот од страна домакините од самиот старт на второто полувреме, за официјалните лице од клупата на домакините беа доделени три црвени картони, од кој еден по завршеток на натпреварот. Сите исправо доделени од главниот судија. Вакво недолично однесување не доликува на една прволигашка екипа.

Комплетната анализа може да ја прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…